Фрчкоски за Милошоски: Процедурата во Собранието ја претвори во пазар

од Nikola Popovski

Не знам дали би го коментирал пишувањето на Милошоски. Сепак процедурата не е завршена, вели професорот Љубомир Фрчкоски, откако поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски објави дека ќе стори се, поранешниот министер да не стане амбасадор во ОН.

Според него, обврската на амбасадорот воопшто е дадена во рамките на претседателските надлежности.

-Ова е една странична необврзна процедура во Собранието. Таа и без неа може, но истовремено се претвори во еден пазар, поради политичките блокади на опозицијата и на лицето што ја води комисијата, рече Фрчкоски.

На вчерашната прес-конференција, претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека Фрчковски е кандидат за амбасадов во ООН и дека Милошоски треба да ја свика собраниската комисија за надворешна политика, со што би почнала процедурата за негово поставување.

Слични содржини