Фрчковски: Охридскиот договор го поддржуваат 62% од Македонците

од Nikola Popovski
464 прегледи

Поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчковски смета дека политичарите преземаат одговорност за некои важни прашања, но потенцира дека не може се да се постави на референдум.

-Охридскиот рамковен договор имаше поддршка само од 1% меѓу Македонците кога се носеше. Сега има 62% според една анкета. Тогашната политичка елита предводена од претседателот Трајковски ја доби битката и ја презеде одговорноста, вели Фрчковски во емисијата „Клик плус“.

Говорејќи за гласачкото тело, Фрчковски истакнува дека десничарскиот дел е ксенофобичен.

-Демократијата може да биде либерална. На Орбан на пример е демократска, без либералниот префикс. Кај нас според историјата, посебно десничарскиот дел на гласачкото тело е ксенофобичен, бутка кон изолација, сефобичен, и тоа е многу тешко да се раководи, изјави Фрчковски.

Слични содржини