458
Професорот Љубомир Фрчковски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објави дека ние самите не можеме да ги видиме важните елементи, односно самите да се оцениме како народ, а како пример ја посочи групата од Велес што објавуваше лажни вести во кампањата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, на изборите во 2016 година.
„Тоа се двајца мои студенти, од катедрата за политички науки. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на Конзервативците во 2016 година и тоа само со две вести. Сакам да кажам колку има отсуство на самосвест за тоа што е важно во државава, на крајот што е интересно. Ова го дознав од извештај на американски новинар кој дошол во Велес да го истражува случајот“, изјави Фрчковски.