Фрчковски за нон-пејперот: Целата атмосфера е одбивна и одвратна, постои перверзно задоволство кај Јанша

од Nikola Popovski
501 прегледи

„Слабиот аргумент со кој на јавна сцена настапуваат статусни личности, како што е Јанша, ги бранат тие тези, кои имаат големи опашки. Истовремено од друга страна, има перверзно задоволство кај таквите типови кои влегуваат во вакви еурека-решенија“, вели политичкиот аналитичар и професор, Љубомир Фрчковски за нон-пејперот од Словенија, со кој се предвидува прекројување на границите на Балканот.

Според него, целата атмосфера околу ова е одвратна и одбивна.

„Не враќа назад на неизанализирани ситуации. Овие идеи не се нови. Го разбирам егзибиционализмот на десничарите дека само етничките хомогени држав можат да бидат стабилни и да бида европски, што е спротивно на идеите на Европа. Од 192 земји во светот, само 12 проценти се етнички хомогени, односно стабилни земји, според нивните размислувања“, истакна Фрчковски за емисијата „Утрински брифинг“.

Институциите на ЕУ сè уште не го потврдија пристигнувањето на таков нон-пејпер во Брисел, и веројатно никогаш нема да го потврдат. Официјален Брисел само го повтори својот став дека „ништо не треба да се менува кога се во прашање границите на Западен Балкан“.

„Треба да работиме на регионално помирување и соработка, што е и логиката на процесот на европска интеграција. Сите отворени прашања меѓу државите треба да се решат во процес којшто не навлегува во опасни територии и се потпира на законите и принципите на ЕУ“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Слични содржини