Фридом хаус: Паѓаат медиумите, паѓа слободата и демократијата во Македонија

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Македонија, Босна и Херцеговина и Косово во 2015-та страдале од парализирачка нефункционалност на нивните влади, што ги уназадиле демократските придобивки и приклучувањето кон ЕУ го направило далечна перспектива. Ова стои во најновиот извештај на Невладината организација на Фридом хаус со седиште во САД, што денеска го објави годишниот извештај „Слободата во светот во 2015-та“.

07C41665-2ADF-4C6B-8E18-FAB674621EEC_w640_r1_s

Во извештајот на организацијата се наведува дека Македонија бележи надолен тренд поради натамошните разоткривања на големи изборни недостатоци на гласањето во 2014-та, што предизвика и бојкот на опозицијата во Парламентот. Во истиот контекст, според Фридом хаус е и` поврзаниот скандал со распространето владино прислушување на политички и верски водачи, новинари и обични граѓани.

На скалата од 1 до 7, според градација од најслободни до земји со најмала слобода, Македонија е рангирана во категоријата делумно слободна, има оценка 4, заземајќи го последното место во регионот.

Заедно со, Хондурас и Малдивите, Македонија го загуби статусот на изборни демократии.