Фриц го запре Надал и го освои Индијан Велс

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Американскиот тенисер Тејлор Фриц синоќа ја освои првата „Мастерс“ титула во кариерата, откако во финалето на турнирот во Индијан Велс го совлада Шпанецот Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (5).

24-годишниот американски тенисер го запре Надал на патот кон 37-та „Мастерс“ титула, но ја прекина и неговата серија од 20 победи на почетокот на сезоната.

Фриц беше и првиот Американец кој го освои „Индијан Велс“ по Андреа Агаси во 2001 година, но и најмладиот шампион по Новак Ѓоковиќ во 2011 година.

„Освојувањето на овој турнир е нешто посебно. „Индијан Велс“ е еден од оние детски соништа што едноставно не мислите дека можат да се остварат“, изјави Фриц, кој имал силни болки пред финалето, поради што неговиот тренер го советувал да не игра за дополнително да не го повреди скочниот зглоб.

Слични содржини