Експлозивна направа синоќа била фрлена во двор од куќа во белградската населба Ѕвездара, дознава „Телегарф.рс“.
Според нивните информации, нема повредени.
Полицијата го интервјуирала сопственикот на куќата А.К., кој рекол дека ја слушнал експлозијата, но не видел ништо.
Неофицијално, полицијата во дворот пронашла делови од експлозивна направа.
За случајот е информирано и надлежното обвинителство.