72
На 26.01.2025 во 02:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с. Арачиново, скопско, во која никој не живеел и чии сопственици биле иселени, биле фрлени две шишиња со запалива материја, од кои едното предизвикало експлозија и пожар.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.