Фрлил марихуана од автомобил кога забележал полиција, дел криел во патика

од Nikola Popovski
52 прегледи

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана. Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини