FRONTEX ќе се распределат на македонско-грчката граница, мигрантите повторно ја нападнаа грчката полиција

од desk3
88 прегледи

Европските гранични сили Фронтекс ќе се распределат со 400 припадници на македонско-грчката граница, реши ОБСЕ на состанокот во Белград.

migranti-granica3

Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на припадниците на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и во подобрување на соработката со грчките власти.

Грчки медиуми: Мириса на барут кај Идомени

Распоредувањето на европските граничари го побарала Атина, за да се справи со приливот на мигранти.

Во моментов околу 2.500 бегалци веќе се влезени на македонската страна од границата, а уште 1.000 чекаат за влез .

Dенеска наутро стотици мигранти повторно ја напaднаа грчката полиција,а потоа се пресметувале и меѓу себе. Грчката полиција интервенирала и ги довела во ред.