Фронтменот на Guns N’ Roses обвинет за сексуален напад

од Stefanija Kuzmanovska

Фронтменот на Guns N’ Roses, Ексл Роуз е обвинет за сексуален напад пишува The Guardian.

Актерката и модел Шила Кенеди тврди дека Роуз „сексуално ја нападнал“, и дека во таа прилика се чувствувала немоќно.

Ексл Роуз сè уште не се огласил во врска со овие наводи.

Инцидентот наводно се случил во хотелска соба во Њујорк во 1989 година, откако пејачот и актерката се запознале во ноќен клуб.

„Роуз ја искористил својата слава, статус и моќ како славна личност и изведувач во музичката индустрија за да ја манипулира, контролира и насилно да ја нападне Кенеди“, се наведува во тужбата.

Слични содржини