Фронтменот на Манескин за новата премиерка на Италија: „Тажен ден“

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Италија ја избра Џорџија Мелони за нова премиерка. Мелони е позната по своите контроверзни изјави.

Фронтменот на италијанскиот бенд кој победи на Евровизија во 2021 година, Дамијано Давид (23), го сподели своето разочарување со своите следбеници на социјалните мрежи по објавувањето на резултатите од изборите во Италија. Џорџија Мелони (45) стана премиерка на најдесничарската влада од Втората светска војна.

„Денеска е тажен ден за мојата земја“, напиша Дамијано со фотографија од насловна страница на весник на која е премиерката.

Инаку, во коалицијата со Мелони се екстремно десничарската Лига и партијата Форца Италија предводена од Силвио Берлускони. Новата премиерка на Италија водеше кампања под контроверзниот слоган „Бог, земја и семејство“, кој го користеа фашистите.

Слични содржини