335
Безбедносните сили спречиле атентат на шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
Како што е наведено, приведен е државјанин на Русија, роден 1988 година, кој бил регрутиран од Службата за безбедност на Украина и кој на територијата на Украина се обучувал за извидувачки и субверзивни активности, вклучително и за мини и експлозиви, пренесува РИА Новости.
Тој наводно планирал да го разнесе автомобилот на Аксјонов, но бил уапсен додека ја земал бомбата од скривалиштето.