Форумот на слободоумни патриоти (ФСП)констатира дека одложувањето на предвремените парламентарни избори е уште еден во низата порази на корумпираната врхушка која го има узурпирано ВМРО-ДПМНЕ.
После овој пораз, како што стои во соопштението, владејачката партија веќе нема кредибилитет и легитимитет да водат куќен совет, а не партија или држава.
„Упатуваме јасна порака дека нема да дозволиме никој да се крие зад четирите свети букви и да продолжи да манипулира и да го злоупотребува членството, како и да ја става партијата заложник на аболирани криминалци. Доста беше криење, време е да се преземе одговорност за злоделата кои се правени, не смееме да дозволиме корумпирани и аболирани личности да го водат ВМРО и да зборуваат во негово име. Сакаме да и испратиме ултиматум на врхушката во рок од 10 (десет) дена да се повлече и да овозможи да се организира вонреден партиски Конгрес на кој ќе биде избрано ново раководство кое ќе биде составено од чесни и искрени вмровци верни на идеологијата. Доколку и понатаму се кријат и бегаат од одговорност ние ќе почнеме да собираме потписи и да го организираме членството, а се во насока на одржување на вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство“, стои во новото соопштение на Форумот на слободоумни патриоти.