ФСС на Филозофскиот факултет изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ

од Даниел Ѓорѓиевски
97 прегледи

Независното студентско собрание при УКИМ соопшти дека Факултетското студентско собрание (ФСС) на Филозофскиот факултет изгласало недоверба на делегатите на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ.

Во нивното соопштение тие наведуваат дека „експериментот со УСС завршил“ и најавуваат дека студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат преку пленумски модел.

„Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес, добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ. Студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите“, велат од Независното студентско собрание.

Од оваа студентска организација истакнуваат дека студентите имаат право сами да одлучуваат за својот претставнички модел, нагласувајќи: „Ова се наши универзитети!“

Овој потег доаѓа во време на засилени студентски критики кон УСС, особено по последните настани поврзани со реакциите на собранието за зголемување на студентските давачки и неговата улога во јавните дебати за студентските права.

Слични содржини