Фудбалер на Лестер бара нов тим преку социјални мрежи

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Поранешниот фудбалер на Лестер, Ејтан Ходби, прибегна кон социјалните мрежи надевајќи се дека ќе најде нов тим. Младиот играч на „лисиците“ неодамна го напуштил стадионот „Кинг пауер“, но сé уште има потешкотии да најде нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Ходби направи свој профил на мрежата LinkedIn,, надевајќи се дека некое заинтересирано лице ќе го побара и ќе му понуди работа.

„Јас само што наполнив 19 години и во моментов барам клуб. Јас неодамна го напуштив Лестер, каде што играв десет години. Можам да играм каде било во средниот ред, да се справувам добро со двете нозе, погоден сум и за двете крила. Никогаш не се откажувам и затоа продолжувам да барам нов тим. Никогаш нема да помине низ мојот ум да ја прекинам мојата кариера“, пишува Ејтан во својот профил.

„Ако некој знае за какви и да е проби некаде или клубови кои ослободуваат играчи и бараат нови, пишете ми“, вели уште младиот фудбалер.

Сè уште не е јасно дали Ходби добил некакви сугестии или неговите пораки остануваат како глас во пустина.

Слични содржини