Фудбалер на Селта осуден на 4 години затвор поради сексуален напад

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Напаѓачот на Селта, Санти Мина денеска е осуден на ефективна казна од четири години затвор, објавија шпанските медиуми. Причината е неговата сексуална злоупотреба на жена во шпанскиот град Мојакар во летото 2017 година.

Судот во Алмерија нареди на Мина да плати и отштета од 50.000 евра на жртвата, како и забрана за приближување од најмалку 500 метри во следните 12 години. Другиот обвинет во случајот, Дејвид Голдар, играч на Ибица, беше ослободен.

26-годишниот Мина ќе поднесе жалба на одлуката на судот, тврдејќи дека имал согласност од жртвата. Обвинителот во случајот бараше казна затвор од 8 години.

Пред да стане јасна одлуката за случајот, претседателот на Селта, Карлос Мурињо најави дека ќе има нулта толеранција за играчот на клубот, иако е убеден во неговата невиност.

Слични содржини