Фудбалери од Украина и Русија се степаа на подготовките во Турција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
579 прегледи

Фудбалерите од украинскиот тим Минај и играчите на рускиот клуб Шиник се степале и тоа додека биле на подготовки во Анталија, Турција. Двата клуба биле сместени во ист хотел, што се смета за пропуст на домаќините.

„Вчера, на 13 февруари, во хотелот Ројал Сигунас во Турција се случи тепачка во која учествуваа претставници на Минај и на Шиник“, пишува во дел од објавите на социјалните мрежи, каде што се појави и видеокснимка од настанот.

Според украинските фудбалери, причина за тепачката било непристојното однесување на руските фудбалери, кои постојано упатувале провокации.

Руските медиуми пишуваат дека Украинците ги терале руските фудбалери да ја пеат химната, па едноставно, секоја од двете страни за инцидентот го обвинува другиот.

За среќа, инцидентот брзо завршил и нема посериозно повредени.

Слични содржини