Фудбалерите на Барселона расположени се собраа во куќата на Лионел Меси на скара во понеделникот.
Капитенот на тимот организираше заедничка вечер за соиграчите со цел да се поврзат во пресрет на нивните клучни натпревари во мај.
После победата од 3-2 над Валенсија во неделата, Атлетико Мадрид е следниот чекор за тимот на Роналд Куман во освојувањето на титулата во Ла Лига. Натпреварот се игра во сабота од 16:15 часот на Ноу Камп, но Меси и останатите се веселат како веќе се да одработиле.
– Шампиони, шампиони! – се слуша скандирањето на играчите на Барселона.
Победа против Атлетико би бил дополнителен ветер во грбот на екипата на Куман, особено по минатонеделниот пораз од Гранада со 2-1.
По тешкиот почеток на сезоната, односите меѓу играчите значително се подобрија во последните месеци. Пред пандемијата, фудбалерите главно се дружеа во рестораните, но сега се одлучија за куќата на Меси.
#Gol |
Scenes at Leo Messi's home:« CAMPEONES CAMPEONES OE OE OE »pic.twitter.com/YB2rMnCvA7
— infosfcb (@infosfcb) May 3, 2021