Динамо Киев вечерва на неутрален терен го пречекува белградски Партизан во второто прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Политичкиот судир го оддалечи фокусот од спортската полемика.
Тренерот на гигантот од Украина, Александар Шовковски упати остри критики кон „гробарите“ поради нивното учество на пријателски фудбалски турнир во Москва. Стручњакот изјави дека е неприфатливо да се изразува поддршка за Русија во спортот, политиката или културата.
„Украина минува низ еден од најтешките моменти во својата историја. Ние се бориме за опстанок. Затоа Динамо Киев го осудува секој тим што ја поддржува руската агресија. Партизан учествуваше на фудбалски турнир во Москва и на тој начин ја озакони војната. Подготвени сме да го победиме секој противник на фер и спортски начин. Вака го докажуваме европскиот дух на украинскиот спорт“, вели тој во пораката што беше поставена на социјалните мрежи на клубот.
Натпреварот ќе се игра во Полска, а српски навивачи нема да смеат да влезат на стадионот.