Фудбалерите на Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Руд ван Ниселтерој да остане во клубот и откако Рубен Аморим официјално ќе ја започне својата работа. Според „Скај Спортс“, играчите високо го ценат начинот на кој Холанѓанецот комуницира со нив, а нивна желба е клупската легенда да остане и да биде нивна врска со новиот менаџер и раководството на клубот.

Се уште не е донесена одлука за тоа, ниту е јасно во каква улога би можел да продолжи Ван Нистелрој бидејќи Аморим ќе донесе свој персонал со тројца асистенти со кои работеше подолго време – Карлос Фернандес, Аделио Кандидо и Емануел Феро. 48-годишната легенда на Јунајтед има договор со клубот конкретно како асистент, откако му се приклучи на штабот на Ерик тен Хаг пред почетокот на оваа сезона.

Ван Нистелрој, кој моментално ја извршува функцијата привремен менаџер, вчера изјави дека сè уште не разговарал со Аморим, но дека со нетрпение чека да се сретне со него.

Според „Скај“, играчите лобираат и Дарен Флечер, кој моментално е тренер на првиот тим, исто така да продолжи по доаѓањето на Аморим.

Слични содржини