Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Маурицио Почетино да стане менаџер на клубот.
Според многумина, тој е подготвен да го напушти Пари Сен Жермен и да работи на „Олд Трафорд“. Аргентинецот е критикуван за играта на тимот од Париз и критиките може да се зголемат доколку тимот испадне од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе стане консултант во клубот, за следен тренер на тимот го преферира тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг.
Според Германецот, тој е најдобриот избор да го води клубот.