Со натпреварот помеѓу фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Фулам вечерва од 21 часот започнува 33-тата сезона во Премиер лигата, односно 126-та во историјата на најсилната дивизија на англискиот фудбал.
Титулата ја брани Манчестер Сити, кој е четирикратен последователен шампион, а во последните седум години освои шест пехари.
Манчестер Јунајтед е најтрофејниот клуб во Премиер лигата со 13 титули, Сити има осум. Клубот од „Олд Трафорд“ има и најмногу пехари во историјата на англискиот фудбалски шампионат – 20 титули, Ливерпул има 19, Арсенал 13 трофеи.
Премиер лигата минатата сезона ја напуштија Шефилд Јунајтед, Барнли и Лутон, а од Чемпионшип дојдоа Лестер, Ипсвич и Саутемптон.
Прво коло во Премиер лигата: Манчестер Јунајтед – Фулам, Ипсвич – Ливерпул, Арсенал – Вулверхемптон, Евертон – Брајтон, Њукасл – Саутемптон, Нотингем Форест – Бурнемаут, Вест Хем – Астон Вила, Брентфорд – Кристал Палас, Челси – Манчестер Сити, Лестер – Тотенхем.