Натпреварот од третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите помеѓу Спарта и Монако беше привремено прекинат синоќа во првото полувреме поради расизам.
Гостинскиот играч Аурелиен Чуамени беше навредуван на расна основа од домашната публика во 37 минута, откако тој постигна гол.
Дуелот во Прага беше прекинат неколку минути, а медиумите пренесуваат и дека пред голот се слушнале расистички извици на некои навивачи.
Во еден момент се чинеше дека играчите на Монако ќе го напуштат теренот, но судијата Мајкл Оливер успеа да ги смири страстите.
„Уште еднаш и натпреварот ќе заврши“, рече спикерот на стадионот.
Нема сомнение дека испадот на навивачите на Спарта ќе биде на масата на Дисциплинската комисија на УЕФА и дека чешкиот клуб ќе биде казнет.
На крајот Монако победи со 2-0, а стрелец на вториот гол беше Кевин Воланд.