Фудбалерка на ПСЖ ангажирала бандити да претепаат нејзина соиграчка од тимот

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Светот на спортот сè уште ја памети 1994 година и имињата Тоња Хардинг и Ненси Кериген. Тие две беа конкурентки за место во репрезентацијата на САД на Олимписките игри. А за да биде сигурна дека ќе и се приклучи на репрезентацијата, Тоња Хардинг ангажирала двајца бандити, кои ја пресретнале Ненси Кериген и и ја скршиле ногата.

Оттогаш поминаа речиси 30 години, а потсетувањето на тоа вистинско спортско злосторство се случи денеска, бидејќи речиси истото се случи и во женскиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен.

Фудбалерката на ПСЖ, Амината Дијало е приведена во полиција поради сомнение дека ангажирала двајца бандити кои ја пресретнале нејзината соиграчка Кира Хамруи и и нанеле тешки повреди.

Според „Екип“, две маскирани лица го запреле автомобилот во кој се наоѓала Хамруи, ја извлекле и ја претепале, првенствено удирајќи ја по нозете.

Полицијата утврдила дека двајцата биле ангажирани од Амината Дијало, бидејќи сакале насила да ја исфрлат Кира Хамруи од тимот и да и го заземе местото во стартниот состав!

„ПСЖ беше известен дека Амината Дијало утринава е приведена во полиција во рамки на истрагата за нападот врз наша фудбалерка минатиот четврток. ПСЖ остро го осудува секое насилство. Клубот ги презеде сите неопходни мерки за заштита на здравјето и безбедноста на играчите. ПСЖ соработува со полицијата за да се разјаснат сите детали“, стои во соопштението на „Светците“.

Кира Хамруи е вторпат во дресот на ПСЖ, првпат беше во периодот од 2012 до 2016 година. Играше и за Лион и Барселона. Таа освои две титули, две ЛШ со францускиот клуб и уште две исти титули со шпанскиот клуб.

Таа ова лето се врати во ПСЖ.

Слични содржини