Фудбалерот Скот Мектоминај (28), поранешен играч на Манчестер Јунајтед, сега член на Наполи, изгуби повеќе од 2,75 милиони евра откако вложи во пропадната компанија што ја водеа неговата девојка Камерон Рединг (25) и нејзиниот татко Ешли.
Компанијата „Фортрес Капитал Партнерс“ прогласи банкрот, а Мектоминај вложил пари од лични средства и преку своја инвестициска фирма. Сепак, според стечајните управници, сите инвеститори, меѓу кои и Шкотланѓанецот, ќе добијат назад само 3 пени за секоја фунта – што значи дека од своите 2,75 милиони евра, тој ќе поврати само околу 78.500 евра.
Камерон и нејзиниот татко се соочуваат со обвиненија за измама, а им е наредено да ги продадат луксузните имоти во Дубаи и Шпанија и средствата да ги вратат на доверителите. Но, и тие не се доволни за да покријат ниту дел од долгот од речиси 24 милиони евра. Мектоминај и Камерон се заедно од летото 2023 година, наводно се запознале на крстарење во Грција. Денес живеат заедно во Неапол, каде што фудбалерот блеска во дресот на Наполи, под водство на Антонио Конте.