Фудбалот трпи поради војната: Ал-Наср на Роналдо не сака да патува во Иран

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Ал-Наср не сака да патува во Иран на натпреварот со Естеглал од азиската Лига на шампионите, пренесе Marca.

Според нивните информации, клубот стравува за нивната безбедност поради тензичната ситуација на Блискиот Исток.

Натпреварот меѓу Ал-Наср и Естеглал е закажан за 22 октомври во Техеран.

Саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо е на четвртото место во западната конференција со четири бода по две кола. Иранскиот тим има бод помалку.

Пред неколку дена публиката во Иран можеше да види лет на ракети истрелани од Иран кон Израел на натпреварот помеѓу Сепахан и Истиклол.

Слични содржини