Фудбалска легенда има девет деца кои не смее да ги види

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Познатиот бразилски лев дефанзивец Роберто Карлос важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на својата позиција. Познат е по топовскиот удар и настапите за Реал Мадрид и бразилската фудбалска репрезентација, со која го освои среброто во Франција во 1998 година и светската титула во Јапонија и Кореја во 2002 година. Сепак, славниот фудбалер имаше многу пороци, а попатно доби и единаесет деца. – Дојде тренер и сакаше да ни го „укине“ пиењето, издржав три месеци – е познатата реченица на еден од најдобрите играчи на сите времиња. Колку и да беше одличен на теренот, подеднакво го фасцинираа лудите забави.

Не можеше без луди забави, особено кога наоколу беа некои негови сонародници. Го красеше тоа што неговиот бурен ноќен живот воопшто не се одрази на игрите на теренот. Освои се што вреди во фудбалот. Колку трофеи собрал, бил со многукратно повеќе жени. Тој е татко на двоцифрен број деца, а гледа само две. Веројатно нема фудбалски љубител кој не слушнал за славниот Роберто Карлос. Легендарен лев бек и вистински фудбалски боем. Тој го постигна еден од најмистериозните голови досега. Тоа беше во 1997 година на Купот на Конфедерации. Неговата необична траекторија стана предмет на проучување на одредени професори по физика.

Имаше толку разорен удар што противниците бегаа кога изведуваше слободни удари. Тој е познат како играч со најмоќниот шут во историјата. За време на играчките денови, славниот Бразилец, покрај фудбалот, лудуваше и по жените, алкохолот и цигарите, додека денес овој 49-годишник води мирен и семеен живот. Тој дури стана и дедо. Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина играјќи за Реал Мадрид. Друштво во добар дел од авантурата во главниот град му правеа Роналдо да Лима и останатите Галактикоси. Неговиот живот надвор од теренот беше многу удобен и екстравагантен. Но, тој редовно пушта солза бидејќи не може да го види своето потомство.

– Немам контакт со децата поради нивните мајки. Размислуваат само за финансиската страна. Има една Мексиканка која ми се јавува само кога и требаат пари. Се трудам да им дадам на децата што повеќе, но се што слушам од нивните мајки е дека се жалат на пари. Тие се обидуваат да го искористат таткото на нивното дете, изјави тој во една прилика.

Карлос е во брак со Марина Лукон од 2009 година, со која има две ќерки Мануела да Силва и Силва Роча. Во меѓувреме станал и дедо откако неговата ќерка Џована да Силва Роча родила син.

Слични содржини