Бордо соопшти дека го прифаќа испаѓањето во третото ниво на францускиот фудбал и нема да се жали на одлуката на Француската фудбалска федерација.
Челниците на француската федерација го казнија Бордо со испаѓање од втората во третата лига поради наталожени финансиски проблеми.
Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последен пат беше најдобар во сезоната 2008/09. Клубот испадна од Лига 1 во 2021 година, а минатата сезона заврши на 12. место во втората лига. Бордо не успеа да најде нов финансиер кој би вложил пари и би ги решил финансиските проблеми, па следната сезона ќе игра во третата лига.
Низ историјата, дресот на Бордо го носеле голем број врвни фудбалери, меѓу кои се издвојуваат Зинедин Зидан, Жан Тигана, Биксенте Лизаразу, Криштоф Дигари…
Благодарение на испаѓањето на Бордо, Троа го задржа местото во втората лига.