21
Фудбалската федерација на Македонија ги одложи сите денешни натпревари во сите конкуренции поради големата трагедија во Кочани.
-Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите, објави ФФМ.
Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви.