Фудбалскиот сојуз на Литванија го откажа пријателскиот натпревар на младата репрезентација против Белорусија, кој беше закажан за 8 јуни, по инцидентот со авионот на „Рајанер“, соопшти Литванската фудбалска федерација.
„Пријателскиот натпревар закажан за јуни меѓу младата селекција на Литванија (У-21) и Белорусија е откажан. По развојот во неделата, кога авионот за Вилнус беше пренасочен кон Минск, натпреварот беше откажан поради безбедносни причини“, се наведува во соопштението пренесено од ТАСС.
Исто така беше кажано дека натпреварот меѓу сениорските селекции на Литванија и Белорусија на 16 ноември е под знак прашалник.