103
Познатиот камерунски фудбалер Емануел Кунде почина на 68-годишна возраст. Кунде беше важен член на легендарната генерација на Камерун која во 1990 година направи историски успех – стана првата африканска репрезентација што стигна до четвртфиналето на Светското првенство.
Тој играше и на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, а со камерунската репрезентација освои двапати Африкански куп на нации, во 1984 и во 1988 година. Во финалето во 1988 година, тој го постигна решавачкиот пенал против Нигерија.
Неговиот придонес во африканскиот и светскиот фудбал ќе остане запаметен, а неговата смрт е голема загуба за камерунскиот спорт.