Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере изрази загриженост поради твитот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој вчера објави дека сите бугарски барања влегле во францускиот предлог за преговарачката рамка на С. Македонија.
Фуере праша „како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ“.
Според него, целосно нема логика во ова.
-Комесарот треба да се срами од себе и да си поднесе оставка или да биде принуден да даде оставка, напишал Фуере.
Вархеји вчера објави дека ЕУ сериозно ги разбира сите грижи на Бугарија, кои сега, како што додаде, се дел од преговарачкиот процес.
„Сега е време за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша Вархеји на Твитер.