Фулам го осуди расистичкото и хомофобичното насилство насочено кон дефанзивецот Баси

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Англискиот фудбалски клуб Фулам го осуди расистичкиот и хомофобичен напад врз дефанзивецот Калвин Баси на социјалните мрежи по победата над Манчестер Јунајтед во пенали во ФА Купот.

Баси (25), кој игра за Нигерија, сподели дел од злоставувањата што ги добил на интернет по победата во пенал рулетот на „Олд Трафорд“.

Голот за Фулам го постигна во регуларното време, кое заврши 1-1.

„Остро го осудуваме ова одвратно однесување, за кое нема место во фудбалот или општеството. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и целосно го поддржуваме Калвин Баси“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да работиме со релевантните власти за да ги идентификуваме сторителите на овие гнасни пораки и да преземеме најсилна можна акција против нив“, напиша Фулам.

Слични содржини