Пол Погба може повторно да игра во март, а негов следен клуб би можел да биде Фулам.
Некогаш еден од најдобрите играчи за врска во светот имаше проблем со допингот, па доби суспензија која истекува на почетокот на следната година. Погба моментално нема клуб, со оглед на тоа дека се раздели со Јувентус, но би можел да остане во елитните европски лиги.
Фулам е заинтересиран за поранешниот француски репрезентативец. Клубот од Премиер лигата во Погба гледа играч кој би можел да придонесе, а ни Французинот не би имал ништо против, бидејќи …Погба би сакал да потпише за клуб „каде нема преголем притисок“.
Фулам е тим од средината на табелата во Англија и би можел да го искористи Французинот за да се врати на фудбалската мапа.
Погба неодамна го раскина договорот со Јувентус и сега е слободен агент. Во кариерата настапуваше и за Манчестер Јунајтед, а го поврзуваа и со преселба во Саудиска Арабија.