185
Висок функционер на Стејт департментот изјави дека кинескиот, наводно, шпионски балон, соборен од американската војска над Атлантикот на 4 февруари, можел да собира комуникациските сигнали.
Според него, балонот имал неколку антени „кои можат да се користат за собирање информации“, пренесува Би-Би-Си.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера едногласно усвои резолуција со која се осудува летот на кинески балон над воздушниот простор на САД минатата недела како „дрско кршење на суверенитетот на Соединетите Американски Држави“, пренесува „Ројтерс“.