Функционерите од 1. јануари електронски ќе ги поднесуваат анкетните листови за имотната состојба

од Nikola Popovski
254 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека од 1-ви јануари 2024 година ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

Оттаму велат дека лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 1-ви јануари 2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем  со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk.

-Печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК, информираат од Антикорупциската комисија.

Преттседателката на ДКСК, Билјана Ивановска неодамна најави дека Антикорупциската комисија ќе објави листа на сите институции и функционери кои што платиле казна, а не им доставиле документи.

-Кон крајот на мандатот, ќе видите кои биле тие институции и поединци кои добиле пријава и барање за документи, а не ни доставиле. Имаше за жал и такви ситуации, соопшти Ивановска.

Слични содржини