Furiosa има акциона сцена на која се снималa 78 дена со 200 каскадери

од Vladimir Zorba

Претстојниот приквел на Mad Max: Fury Road – Furiosa: A Mad Max Saga, ќе има акциона сцена која ќе трае дури 15 минути, пренесува Variety.

Продуцентот и долгогодишен соработник на режисерот Џорџ Милер, Даг Мичел, откри дека Furiosa има една акциона секвенца која трае 15 минути и е снимана во текот на 78 дена. Во снимањето учествувале 200 каскадери, а тајното име на сцената било Stairway to Nowhere.

„Џорџ и јас имавме многу разговори за тоа зошто оваа конкретна сцена беше толку долга“, рече ѕвездата на филмот Ања Тејлор-Џој. „Таа е долга затоа што гледаме акумулација на вештини за време на битката, и тоа е навистина важно да разбереме колку Furiosa е снаодлива и храбра. Тоа е најдолгата секвенца што некој од нас некогаш ја снимил. На последниот ден од снимањето, сите добивме шише вино“.

Во филмот, Ања Тејлор-Џој ја отелотвори младата верзија на Фуриоза, која ја играше Шарлиз Терон во Mad Max: Fury Road. Приквелот ја прикажува Фуриоза како расте откако беше киднапирана од воениот господар Дементус.

Во филмот играат Крис Хемсворт, Том Бурк, Лачи Хулм, Нејтан Џонс, Џон Хауард, Ангус Сампсон, Чарли Фрејзер, Кваден Бејлс и Даниел Вебер. Сценариото го напишаа Милер и Нико Латурис.

Furiosa: A Mad Max Saga ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Кан на 15 мај 2024 година.

Слични содржини