Фустаните кои ги носи Џеј Ло спас за топлите денови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Џенифер Лопез секогаш не воодушевува со своите комбинации на облека. Без разлика дали се подготвува за настап или за едноставна дневна прошетка, оваа латино дива ретко греши при изборот на гардероба.

Бидејќи нè очекуваат топли сончеви денови, за жената нема ништо подобро од лесни летни фустани кои, се разбира, можат убаво да се стилизираат за секоја пригода. Во продолжение погледнете два фустана на Џенифер Лопез идеални за дневна варијанта.

1. Шарен долг фустан е идеален за дневна прошетка. Меѓутоа, доколку ја стилизирате косата и направите пунџа, овој фустан, секако, може да се носи и навечер.

2. Долгиот бел фустан е и вистинскиот избор за сончевите денови, а Џенифер Лопез знае да направи аутфит со стил и од најобичен фустан.

 

 

Слични содржини