
Италијанскиот новинар Алберто Мучи вели дека неговото ново и невообичаено истражување го однело до воодушевувачки заклучоци. Заминувајќи во обиколка на “Future Food District”, самопослуга на иднината која е авторско дело на италијанскиот ланец супермаркети- Соор, откри дека доста значајни промени ќе има во пазарењето. Прво, просторот е организиран на чуден начин, а различни производи , од разни категории се нудат заедно.
-“Оваа самопослуга е инспирација на прирониот ланец за производство на храна. Покрај свежиот домат, се наоѓаат конзерви со разни сосови од домат, а покрај гројзето се наоѓаат флаши со вино, односно од сировини до готов производ”, објаснува итаијанскиот новинар Мучи.
Наместо вработени, ќе има роботи кои ќе го вршат пакувањето на купените производи, а главната цел е да се поттикне интеракцијата, односно купувачите ќе имаат контакт со другите купувачи и тоа би предизвикало комуникација.
Алберто наведува дека самопослугата во иднина ќе биде опремена и со екрани кои наизменично ќе се вклучуваат кога купувачот ќе поминува покрај нив, а на кои ќе може да види информации за производите кои се нудат, за нивното потекло како и нивната хранлива вредност.
Купувачите исто така ќе можат да превземат посебна апликација, да ги наведат своите вкусови и прехрамбени навики и да добијат сугестија за купување.
Најважно, цените нема да бидат променети, ќе останат разумни, но ќе се зголемат сумите за отворање на ваков маркет. За да се добие вакво софистицирано место за пазарење, интеракција и едуцирање, ќе бидат потребни околу 15 милиони евра.