ФЗО ќе стапи во генерален штрајк од 1. јуни, бараат по 2392 денари колку што им следува и разрешување на УО

од Nikola Popovski
279 прегледи

Претседателот на Синдикалната организација на ФЗО, Бранко Аџигогов соопшти дека започнат е предупредувачки штрајк против Управниот одбор на ФЗО затоа што, како што вели, била одложена нивната точка за усогласување на нивните плати согласно Законот за минимална плата, за дури по изборите и формирањето на влада.

Како што истакна Аџигогов, времената одлука на актуелната влада полека истекува и остануваат уште 30 дена до тоа колкава плата ќе имаат понатаму.

-Ние сакаме да го предупредиме составот на УО да седне и да си ја сработи работата и да не не држи во неизвесност. Со оглед на нивните најави, зошто воопшто постојат и зошто се во ФЗО? би било поетички да си дадат оставки и да дојдат лица кои што ќе ги заработат платите што ги добиваат. Доколку ова не се случи до 15-ти мај, ќе започнеме секој ден по еден до два часа, да имаме предупредувачки протести, низ градови. Доколку целиот проблем не се реши до 1-ви јуни, стапуваме во генерален штрајк, кажа претседателот на Синдикалната организација.

Аџигогов потенцира дека вработените бараат усогласување на платите со минималната, носењето на вредносен бод и разрешување на целиот УО. Разликата во платите која што ја бараат и таа што ја имаат е 2392 денари по лице. Како што вели, тоа е капка во морето, но е законска обврска за сите.

Слични содржини