ФЗО: Лекувањето на Индов ќе биде целосно покриено од државата

од Nikola Popovski
37 прегледи

Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница 8-ми Септември.

Во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведе каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и Градската општа болница 8-ми Септември, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.

-ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. Затоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, соопштија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.

Од институцијата додаваат дека поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, граѓаните се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување.

-Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, стои во соопштението од менаџментот.

Слични содржини