ФЗО се уште не исплатил пари за јануари на дел од жените кои се на породилно

„Ова е катастрофа. Се прават наудрени, а ниту боледувања се исплаќаат, а доцни и повратот од МојДДВ“, велат дел од загрижените граѓани за „Локално“

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Доцни исплатата на пари за жените кои се на породилно отсуство за месец јануари. Денеска е последен ден од месецот кога Фондот за здравство (ФЗО) може да префрли пари, но тоа не се случило со дел од корисниците, според граѓани кои контактираа со „Локално“. За жал, продолжува истата пракса за која граѓаните обвинуваа и во претходните месеци.

„Ова е катастрофа. Се прават наудрени, а ниту боледувања се исплаќаат, а доцни и повратот од МојДДВ. Згора на тоа, платите стојат во место. Не знам како ќе продолжиме вака“, велат дел од загрижените граѓани кои што ја контактираа нашата редакција.

Дека ситуацијата е далеку од идеална, тврди и дел од јавноста која што е дел од политичката сцена. Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи, тврдејќи дека доцни исплатата за породилното.

„Породилно за мајките нема исплатено цел февруари! Дали сме банкрот, дали се неспособни, дали и двете? – тоа да си ја прашате министерката. Иначе, породилно нема. А вие слободно раѓајте бебиња“, објави Апасиев.

Пред два месеци, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека не знае за такво нешто ниту вели дека има такво информација.

-Напротив, ФЗО секогаш дава приоритет на исплата на средства. Вие велите се доцни, јас немам таква информација. Треба да најдеме и да докажеме, но, со исплати на сметка итн, затоа што секогаш некој може да каже дека на него лично му се случува. Можеби некоја родилка туку што се породила, процедурата додека да се средат документите, ќе искочи дека се доцни месец или два, но да ги видиме другите кои што се во систем, па да видиме дали се доцни. Не се согласувам со делот дека има задоцнување, рече министерката на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Кон крајот на месец ноември 2025 година, Фондот за здравствено осигурување ги демантираше тврдењата дека исплатата на надоместоците за породилно отсуство доцни 30 дена. Директорот на Секторот за комуникации и административна поддршка на ФЗО, Ирфан Лимани, тогаш потенцираше дека доцнењето, доколку постои, е исклучиво поради доцнење во пријавата или исплатата на платите од страна на работодавачите.

Лимани тврдеше дека надоместот е процес директно поврзан со работодавачот на осигуреничката. Според ФЗО, најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но исплати има и потоа до крајот на месецот.

Слични содржини