ФЗОМ од утре стапува во штрајк

од Nikola Popovski
198 прегледи

Утре вработените во Фондот за здравствено осигурување почнуваат со штрајк. Ќе се работат само итните случи, впишување на малолетници за осигурување, осигурување на хоспитализирани и лекување во странство на итни случаи.

Доколку потрае штрајкот, проблем ќе има и со исплата на платите на вработените во здравството. Први на удар – комисиските решенија за боледувања. За упати и рецепти засега не се очекуваат потешкотии.

Лекарите го поддржуваат штрајкот и се надеваат на брзо решение на веќе напластените проблеми.

Од Фондот за здравство одговараат дека ги имаат преземено сите потребни активности во насока за целосно приспособување на софтверот, но дека за спроведување на оваа измена во Законот за здравствено осигурување потребно е да се создадат технички услови во информатичкиот систем на Фондот, односно да се направи приспособување во софтверот, за што се потребни време, човечки ресурси и финансиски средства.

-Не само што нема да им се зголемат платите со договорените усогласувања, на вработените во ФЗОМ сакаат да им ги скратат за 2.000 денари. Вината за штрајкот да не се префрла врз вработените, порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој во интервју за РСЕ вели дека досега успевале да го одложат носење на одлуката, но силите во управниот одбор на Фондот сега се изедначени откако еден од членовите што бил на страна на работниците е поставен на друга функција.

Слични содржини