Г-7 и Австралија ЈА ОГРАНИЧИЈА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА: Постигнат е консензус

од Vladimir Zorba

Земјите од Г7, како и Австралија, постигнаа консензус во преговорите за одредување на горната цена на руската нафта, која може да се купи без страв од санкции. Одлуката ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година, се вели во заедничкото соопштение на американското Министерство за финансии.

„Ја потврдуваме нашата одлука дека горната граница на цените за руските нафтени деривати ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година. Максималните цени на руските нафтени деривати ќе ги објавиме одделно“, се вели во соопштението на коалицијата.

Министерството за финансии на САД забележува дека таквиот плафон ќе ги заштити потрошувачите на нафта од Руската Федерација од прекини во снабдувањето. Се појаснува дека станува збор за испораки на нафта извршени по морски пат.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија нема да испорачува енергија на земјите што ќе ги ограничат нивните цени.

Слични содржини