Лидерите на земјите од Групата 20 (Г20) размислуваат за резолуција со која повеќето земји-членки ќе ја осудат војната во Украина, како и влијанието што таа го имаше врз светската економија, пренесува Ројтерс.
„Има различни ставови и различни оценки за ситуацијата и санкциите“, се вели во нацрт-резолуцијата од 16 страници.
„Иако признаваме дека состанокот на Г-20 не е место за решавање на безбедносните прашања, мораме да го нагласиме влијанието што тие можат да го имаат врз глобалната економија“, се вели во соопштението. Овој документ допрва треба да се усвои и може да се промени.
Состаноците на Г20 во минатото не резултираа со заеднички резолуции бидејќи Русија и другите членки не успеаја да се договорат за јазичните детали, вклучително и како да се опише војната во Украина. Овој состанок се одржува на индонезискиот остров Бали и е првпат земјите-членки на Г20 да се сретнат од 24 февруари 2022 година, кога започна руската инвазија на Украина. Русија инвазијата ја нарекува „специјална воена операција“. На средбата главни теми се светската инфлација, безбедноста на снабдувањето со храна и енергија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно им се обрати на толпата преку видео повик. Тој рече дека е време да се запре руската војна во неговата земја „праведно и според принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право“. Тој повика на повторно воспоставување на „радијациона сигурност“ во нуклеарната централа Запорожје, воведување ценовни ограничувања за руските енергетски извори и проширување на иницијативата за извоз на жито. Тој побара и ослободување на украинските затвореници.
„Ве молам да го изберете патот на вашето лидерство – заедно сигурно ќе го спроведеме мирот“, рече тој.
Индонезискиот претседател Џоко Видодо ја отвори средбата со повик за единство и заедничка акција за решавање на проблемите на светската економија нарушени од оваа војна.
„Немаме друга опција, мораме да работиме заедно за да го спасиме светот“, рече тој.
„Г20 мора да биде катализатор за инклузивно економско закрепнување. Не треба да го делиме светот на парчиња. Не смееме да дозволиме да започне нова студена војна“, додаде тој.
Членовите на Г20 беа различни змеји, од САД, Русија и Бразил до Индија, Саудиска Арабија и Германија. Тие заедно сочинуваат повеќе од 80 отсто од светскиот бруто домашен производ, 75 отсто од меѓународната трговија и 60 отсто од населението.
Поради војната, некои западни земји повикаа на бојкот на оваа средба и повлекување на поканата до рускиот претседател Владимир Путин. Индонезија одби.
Од Русија рекоа дека Путин е презафатен за да дојде на состанокот, па во негово име дојде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Не се знае дали бил присутен кога претседателот Зеленски им се обратил на колегите.