Г7: Бруталната, агресивна војна на Русија е закана за целиот свет

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска нагласи дека бруталната агресивна војна на Русија претставува закана за целиот свет, кршејќи ги основните норми, правила и принципи на меѓународната заедница.

„Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за Украина онолку долго колку што е потребно за да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир“, изјавија лидерите на Г7, пренесе АП.

Г7 ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија да ја прекине војната против Украина.

Слични содржини