Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на Навални

од Radmila Tasevska

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Тие го изразија своето огорчувањепоради смртта на Навални во затвор, „неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и неговата борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со Г7.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД денеска се сретнаа во Минхен.

Руската затворска служба објави дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија каде издржувал 30-годишна затворска казна.

Слични содржини