Г7: Ќе ја запреме испораката на оружје за Москва преку трети земји

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) индустриски најразвиени земји денеска ветија дека ќе ја спречат Русија да ги избегне економските санкции и ќе ја запре испораката на оружје за Москва преку трети земји.

За време на вториот ден од тридневниот состанок во Каруизава, во централна Јапонија, јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши ја истакна важноста од зајакнување на соработката на Г7 со глобалниот југ во спротивставување на Русија, објави јапонската влада.

Покрај руската војна во Украина, која доминира на министерскиот состанок на Г7, една од важните теми е зајакнувањето на соработката со земјите во развој на глобалниот југ и ситуацијата во индо-пацифичкиот регион во време кога Кина го зголемува своето влијание во областа, изјавија јапонските власти, а пренесува Кјодо.

Слични содржини