426
Некогаш со себе водиш придружба за да не бидеш соло, некогаш таа малку те разубавува, а некогаш те крева од подот, се пошегувале обожавателите на социјалните мрежи по гафот на црвениот тепих на доделувањето на наградите ВАФТА.
Посебна точка имаше актерот Ал Пачино кој дојде рака под рака со израелската колешка и пејачка Меитал Дохан со која е во врска од септември минатата година.
Токму таа и го „спасила“ кога Пачино падна на црвениот тепих, додека се качуваше по скалите. Двојно помладата девојка му пружи рака, а на помош дојдоа и други колеги кои успеаја да го вратат на нозе актерот.